Тричковски погоди двапати за победа на АЕК Ларнака (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Иван Тричковски постигна два гола за АЕК Ларнака во победата од 4-2 против Олимпијакос од Никозија.

Тричковски стигна до бројката од четири гола за осум дена, а гол-серијата ја почна кај Арис (2-1), по што постигна еден гол и против Фенербахче (1-2) во Лига Европа.

АЕК со 13 бода се наоѓа на четвртата позиција со 13 освоени бодови, односно четири помалку од лидерот Пафос.