Тричковски стави потпис на нов договор со АЕК Ларнака


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Иван Тричковски и во иднина ќе го носи дресот на АЕК Ларнака, откако денеска стави потпис на нов договор со кипарскиот тим.

Тричковски пристигна во првенството во Кипар во 2016 година од Легија Варшава и се покажа како едно од најдобрите засилувања во историјата на АЕК Ларнака.

Тричковски во кариерата има настапувано уште и за Ал-Наср, Клуб Бриж, Весланд Беверен, Црвена Звезда, АПОЕЛ, Енозис, Вардар и Работнички.

Напаѓачот сезонава одигра пет натпревари во кипарското првенство, а даде шест голови.