Tрогателна порака на Меси за омилениот соиграч, каков срам се овие зборови за Барселона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лео Меси се прости од еден од неговите омилени соиграчи, најдобар пријател и не пропушти уште еднаш да ја погоди Барселона, што го задржа спротивно на неговата волја.

Во својата проштална порака до Суарез, Меси кажа за големината на кризата во Барселона и колку е незадоволен.

“Знаев, но денес кога влегов во соблекувалната, се чувствуваше празнината. Многу е тешко да се прифати дека не продолжуваме да бидеме секој ден на теренот и надвор од него. Поминаа многу години, дружење и оброци, нема да заборавам ништо од тоа”, напиша Меси.

“Ќе биде невообичаено да се гледаме во поинаков дрес и да играме против тебе. Ти не заслужи да си одиш вака , туку како што доликува на еден од најважните играчи на клубот во историјата. Сигурно не заслужуваш вака да те отпуштат, но дојдовме до точка кога веќе ништо не ме изненадува “, е горката порака на Меси.

Покрај тоа што му посака среќа на Суарез и му ја изрази својата посветеност, Аргентинецот не ја пропушти можноста да погледне наназад во начинот на кој Барселона се однесува кон играчите.

Ова е уште една отровна стрела кон администрацијата, односно претседателот.

Бертомеу, секако, ќе молчи, доволно е кажано, тој му наштети доволно на клубот, а Меси сигурно нема да пропушти да го потсети на тоа во неговите изјави во текот на сезоната.

Ова е исто така доказ дека тој остана под присила, за да не ја однесе Барса на суд, но исто така и дека ќе биде тешко да остане следното лето, освен ако сè не се промени. Бидејќи Бертомеу е дел од проблемот, но не и целиот проблем, според Меси.

Во овој момент е јасно што мисли за луѓето што го водат клубот, иако им порача на навивачите дека тоа нема да се рефлектира на теренот.