Цел стадион се тресеше: Турски навивачи го воодушевија светот (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Трабзонспор во петокот победија со 4-1 на домашен терен против Анталија во турскиот шампионат.

Иако гостите го шокираа Трабзонспор во деветтата минута и поведоа со 1-0, сепак домаќините на крајот успеаа да направат пресврт и да победат, па сега се на четврто место на табелата.

Трабзонспор ја продолжи серијата на пет натпревари и сега се наоѓа блиску до позиција, која обезбедува квалификации во Лига Европа.

Очигледно тоа го поправи расположението и навивачите на тимот, кој по новата победа заедно со фудбалерите на спектакуларен начин го прославија успехот на својот тим, а турските навивачи покажаа дека нивната поддршка е на повисоко ниво од поголем дел од останатите навивачи.