Тудор од идната сезона ќе го тренира Елмас во Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот тренер Игор Тудор беше главен кандидат за преземање на Наполи, а во изминатите денови се шпекулираше дека двете страни се договориле, но во меѓувреме Валтер Мацари беше претставен како нов предводник на клубот.

Француските медиуми пишуваат дека Тудор се договорил со Аурелио Де Лаурентис да го преземе калчолигашот дури од следната сезона, додека Мацари е привремено решение.

Тудор инсистирал да ја преземе клупата на актуелниот шампион од идното лето, а поради тоа Де Лаурентис се решил да ангажира привремено решение.