Тухел ги пакува куферите – сака да биде тренер на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Томас Тухел има лоши резултати со Баерн Минхен во Бундеслигата, а доколку не ја одбрани титулата, тогаш на лето ќе си замине и како негова следна дестинација се споменува Барселона.

Баерн во моментов е на втората позиција во германскиот шампионат и има пет бодови помалку од Баер Леверкузен, а тоа е сериозен проблем за Тухел.

Шпанските медиуми пишуваат дека Тухел веќе размислува за преземање на кормилото на Барселона, кој исто така нема добри резултати, а воедно тренерот Чави Ернандез најави дека ќе замине на крајот на сезоната.

Тухел го наследи Јулијан Нагелсман во Баерн Минхен минатата сезона и во драматична завршница успеа да ја освои титулата во Бундеслигата.