Тухел го обвини Конте за тепачката, а овој вели – да се фокусираме на фудбал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голем инцидент го одбележа мечот меѓу Челси и Тотенхем (2-2), откако тренерите Томас Тухел и Антонио Конте се пресметаа физички по средбата.

Двајцата добија црвени картони, откако за малку ќе се степаа по последниот судиски свиреж, а секој од нив има своја страна на приказната.

Тухел по мечот кажа дека Конте го предизвикал инцидентот и кажа дека Италијанецот не го погледнал во очи додека се поздравува, но стратегот на Тотенхем не сакаше да зборува за пресметката.

„Проблемот останува меѓу нас двајца. Треба да зборуваме за натпреварот и за фудбалот, а не за тоа што се случи по мечот“, кажа Конте.