Тухел мудро молчи, а Мојс распали по судиите: Ова е одлука против нас! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси со голема среќа славеше против Вест хем со 2-1 во вчерашното дерби, иако поранешниот шампион можеше лесно да ја прокоцка победата поради несигурната интервенција на голманот Едуард Менди.

Вест хем постигна гол за 2-2 во судиското надополнување, но истиот беше поништен по проверување на снимката од ВАР-системот, по што беше потврдено дека Боуен направил прекршок врз Менди.

Тренерот на Челси, Томас Тухел молчи и не зборува ништо за судиската одлука, додека неговиот ривал од клупата на Вест хем, Дејвид Мојс воопшто не беше задоволен.

„Тоа е чудна одлука и е против нас. Ова не е добро. Разочаран сум од човекот кој претставува елита во Англија за судење“, кажа Мојс.