Тухел призна: Точно е, преговараме во моментов!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Томас Тухел даде изјава за англиските медиуми во која потврди дека води преговори со Челси за продолжување на договорот.

Откако во претходните денови се појавија шпекулации за тоа дека ќе потпише нов договор со клубот, Германецот реши да им потврди на новинарите.

„Точно е, во моментов водиме преговори. Моите луѓе разговараат со газдите на клубот и се грижат за мојата иднина. Мило ми е што сум тука и сакам да останам во клубот“, кажа Тухел.

Тухел го крена клубот на повисоко ниво и веќе ги освои Лигата на шампиони (ЛШ), европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство, а сезонава ќе ги нападне и останатите трофеи.