Тухел се буни поради ВАР: Повеќе не знам за што се суди игра со рака…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во саботата се одигра финалето во ФА-купот во кое Лестер го совлада Челси со 1-0 и го освои првиот трофеј во натпреварувањето во клупската историја.

Единствениот гол го постигна Јури Тилеманс во 63. минута, но на таа ситуација ѝ претходеше спорен момент во кој Ајозе Перез играше со рака.

Судијата Мајкл Оливер не ја прекина играта, а подоцна не го поништи ниту голот, поради што се разочара тренерот на Челси, Томас Тухел.

„Играчите ми кажаа дека Перез играл со рака. Втор меч по ред се случува противникот да игра со рака, а ВАР не реагира. Тоа влијаеше на резултатот на мечот. Повеќе не сум експерт за игра со рака, не знам кога треба да се суди. Немавме среќа, но никогаш нема гаранција дека трофејот ќе биде освоен“, вели Тухел.