Тухел збесна: Ништо не функционира во Челси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Челси, Томас Тухел е разочаран по поразот во Загреб од Динамо со 0-1 во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Тухел кажа дека не го потцениле Динамо, но призна дека ништо во Челси не функционира во мометнов.

„Лут сум на себе затоа што ова е тежок неуспех. Почнавме добро и игравме 15-20 минути, по што примивме гол од контра-напад. Мислев дека сме на добар пат, но изненаден сум. Во мометнов имаме многу работи кои мора да ги анализираме. Очигледно не сме таму каде што треба и каде што може да бидеме. Морам да го решам проблемот затоа што ништо не функционира како што треба“, вели Тухел.

Челси не игра добро ниту во Премиерлигата, каде што има три победи, едно реми и два порази.