Тур де Франс: Словенецот Роглич води по 12-та етапа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдолгата етапа на Тур де Франс, 218 километри од Шовињ до Саран, му припадна на швајцарскиот велосипедист Марк Хирши.

22-годишникот и побегна на главната група на 28 километри од целта и на крајот стана првиот Швајцарец кој стигнал до етапна победа од 2012. година кога славеше Фабио Канчелара.

На последните 50 километри, Хирски возеше со просечна брзина од 42,3 км на час. Французинот Пјер Роланд и Данецот Сорен Краг Андерсен завршија на второто и третото место.

Словенецот Примош Роглич остана во водство и по 12-та етапа, бегајќи од Колумбиецот Еган Бернал вкупно 21 секунда.

Следната етапа од Шател-Гјуон до Пас де Пејрол е долга 191,5 километри и има седум искачувања од првата категорија што се вози денес.