Турците не ни направија голема услуга: Македонија нема да ја видиме во елиминационата фаза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Турција загуби со 3:2 од Финска во клучниот натпревар за Македонија во групната фаза од Европското првенство во одбојка.

Се што требаше за нашата селекција да се пласира во нокаут фазата беше победа на Турција, меѓутоа турските одбојкари потклекнаа и не успеаја да слават против Финска иако важеа за големи фаворити на овој натпревар.

Финска го доби првиот сет со 25:20, додека вториот и третиот беа во корист на Турција (25:15, 25:18). За наша жал следните два сета ги доби Финска и со тоа дојде до голема победа која ги вивна во нокаут фазата.