Турски борци се херои во Виена: Спасиле жена и полицаец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајца турски ММА-борци се херои кои живеат во Виена и преку ноќ станаа главна тема на медиумите откако им помогнале на една жена и полицаец при нападите во Австрија.

Макаил Озен и Рџеп Гултекин, како што пишуваат австриските медиуми, на кратко се појавиле на една видео-снимка за време на пукањето.

На снимката се гледа како Озен на турски ги предупредува останатите лица, додека се обидува да се сокрие зад бетонскиот влез во метрото.

„Жената се движеше кон местото каде што почнаа да пукаат. Кога ја забележавме, ја однесовме низ скалите. И таа беше на безбедно, а потоа се вративме на станицата, видов еден повреден полицаец“, вели Озен за турските медиуми.