„Тутоспорт“: Познато кој ќе го замени Гатузо во Наполи!

Италијанските медиуми пишуваат дека нов тренер на Наполи ќе биде Серхио Консеисао, кој ќе дојде од Порто.

Тренерот го предводи Порто од 2017 година, а со тој клуб двапати го освои португалското првенство, португалскиот куп и два суперкупа.

Оваа сезона со Порто го исфрли Јувентус од осминафиналето во Лигата на шампиони, но загуби во четвртфинале од Челси.

Консеисао во кариерата ги предводеше и Олханенсе, Академика, Брага, Виторија Гимараеш и Нант.

За време на фудбалската кариера тој играше во Италија во период од 1998 до 2004 година, а настапуваше за Лацио, Парма и Интер.

За репрезентацијата на Португалија одигра 56 натпревари и постигна 12 голови.