„Тутоспорт“: Пресврт во трансферот на Манџукиќ, преговорите се во завршна фаза!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тутоспорт“ пишува дека преговорите меѓу Марио Манџукиќ и Манчестер јунајте се во напредна фаза.

Хрватскиот напаѓач нема да биде дел од размената меѓу Ромелу Лукаку и Пауло Дибала, која Јувентус ја подготвува со Јунајтед.

Италијанците пишуваат дека Јунајтед планира да плати меѓу 10 и 15 милиони евра за Манџукиќ, кој ќе добие плата од 5,5 милиони евра годишно.

Манџукиќ има договор со Јувентус до 2021 година, но не е во плановите на новиот тренер Маурицио Сари, кој го сака Ромелу Лукаку, па останува да видиме дали ќе се реализираат неговите планови и дали Хрватот ќе се пресели во Англија.