Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матијас Погба е обвинет и одреден му е притвор заедно со уште четири лица поради сомнеж дека изнудил пари од својот брат, Пол Погба.
Француските медиуми пишуваат дека против Матијас и групата во саботата во Париз била почната постапка за изнуда и криминално здружување.
Во обвинението се споменати пет лица, и тоа на возраст од 27 до 36 години, а во групата се наоѓа и Матијас.
„Ќе се жалиме на оваа одлука. Мојот клиент нема врска со криминалната организација, не ја разбираме одлуката која ја донесе судот за да го задржи во притвор“, кажа адвокатот на Матијас.
Affaire Pogba: son frère, Mathias, est mis en examen et incarcéré pic.twitter.com/AVDozHgp3B
— BFMTV (@BFMTV) September 17, 2022