Убедлив триумф на Македонија во првиот меч од баражот против Романија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија оствари убедлива победа против Романија (30-22) во првиот меч од баражот за пласман на Светско првенство (СП) во 2023 година.

Македонските ракометари тргнаа со серија од 3-0, а потоа предноста се зголеми и на 5-1, но Романија имаше свои добри минути, па дури стигна до израмнување (10-10). Сепак, нашата репрезентација на полувреме замина со 16-13.

И во второто полувреме се водеше голема борба, а Романија намали на еден негатива (20-21), но сепак Македонија со одлична серија стигна до 25-20 и го реши мечот, по што до завршницата го зголемуваше водството и триумфираше со 30-22.