Убиена една од најдобрите атлетичарки во светот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атлетичарката од Кенија, 25-годишната Агнес Тироп е пронајдена мртва, а на телото имала неколку убодни рани.

Атлетичарката беше една од најдобрите во светот во дисциплина на 10.000 метри, каде што освои и бронзен медал на Светското првенство (СП) во 2017 година.

Тироп настапуваше на Олимписките игри во Токио оваа година, каде што го освои четвртото место, а обвинет за убиството е нејзиниот сопруг.

Атлетискиот сојуз на Кенија ќе ги одложи сите натпреварувања во следниот месец поради оваа вест, која ги потресе сите во светот.