Убијците на српскиот ММА борец чекале две години за да му се одмаздат?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српските медиуми пишуваат дека конфликтот меѓу осомничените за убиството и српскиот борец Стефан Савиќ траеле веќе две години.

Осомничените Василије Гачевиќ и Марко Даничиќ наводно имале инцидент и претходно со ММА борецот.

„Савиќ првпат се соочил со Гачевиќ и Даничиќ кога го претепале и фрлиле неговиот другар во Дунав, а притоа го понижиле и уринирале врз него. Стефан се степал со нив поради другарот. Тоа не беше единствен конфликт, двајцата фудбалери ја нападнале и неговата девојка. Во двата конфликти беа претепани, па поради тоа решиле да му се одмаздат“, вели извор од истрагата.