Удар за Лампард, тројца од новајлиите нема да може да играат на натпреварот со Брајтон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси во понеделник ја отвора новата сезона со натпревар против Брајтон. „Сините“ од Лондон во новата сезона влегуваат со многу поголеми амбиции од лани откако потрошија над 200 милиони фунти на засилувања.

Френк Лампард потврди дека тројца од новодојденците нема да може да се соочат со тимот на Брајтон во понеделник.  Станува збор за Тијаго Силва, Хаким Зијеш и Бен Чилвел кои ќе го пропуштат првото коло во Премиер лигата.

„Хаким Зијеш доби удар на пријателската против Брајтон и се надеваме дека ќе го нема само неколку недели. Бен Чилвел работи на својот фитнес и нема да биде подготвен за Брајтон. Тијаго Силва сега е во Лондон, но не тренираше со нас до викендот, па се сомневам дека ќе биде вклучен за средбата со Брајтон“ –изјави Лампард кој ќе може да смета на Каи Хаверц и Тимо Вернер.