Удар за македонскиот ракомет: Нови позитивни случаи на ковид-19 во Охрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометниот клуб Охрид потврди дека во нивната екипа има нови четири ракометари заразени со ковид-19. Претходно од тимот соопштија дека се заразени еден ракометар и еден член од стручниот штаб.

Бројката на заразени ракометари со ковид-19 во македонскиот ракомет се зголеми на околу 50-на случаи, откако Работнички вчера соопшти дека речиси цел тим им е позитивен на вирусот.

Претходно вирусот се појави и во редовите на Голден Арт КЛ7, Радовиш, Струга, поради што мораше да бидат одложени натпреварите од групата А во македонската Суперлига.

„ГРК Охрид ќе се придржува до сите до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија. Лицата се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба“, соопштија од тимот.