УЕФА детонира БОМБА: Манчестер Сити и официјално доби забрана за настап во Лигата на шампионите следните две години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на УЕФА предмалку потврдија дека Манчестер Сити и официјално доби забрана за настап во Лигата на шампионите и Лигата на Европа за следните две години.

„Граѓаните“ ќе имаат право да ја доиграат оваа сезона во натпреварувањето, но следните две сезони, 2020-21, и 2021-22 нема да имаат можност да настапуваат во натпреварувањата организирани под капата на УЕФА.

Освен тоа Сити е казнет и со 30 милиони евра кои ќе мора да ги плати во најбрз можен рок. Оваа одлука подлежи на жалба која англискиот клуб ќе може да ја испрати до Спортскиот Арбитражен суд.

Инаку, казната за „граѓаните“ доаѓа по матните зделки кои ги правеле од раководството на клубот со кои прикривале големи суми на пари преку своите спонзори.