УЕФА доби „дозвола“ да исфрли три гиганти од ЛШ!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медуми пишуваат дека Судот во Мадрид донесе одлука Европската фудбалска унија (УЕФА) да ги санкционира Јувентус, Реал Мадрид и Барселона за обидот да создадат европска Суперлига.

Овие три гиганти не се откажуваат од идејата да создадат ново натпреварување, а претходно се спасија од казна благодарение на Судот, кој ѝ забрани на УЕФА да ги казни екипите.

УЕФА доби можност доколку сака да ги суспендира гигантите од своите натпреварувања, иако тие се важен дел од европскиот фудбал.

Александар Чеферин претходно се закани со суспензии и парични казни до 100 милиони евра за тимовите ако не се откажат од идејата.

Европската Суперлига беше проект кој сакаа да го реализираат Реал Мадрид и Јувентус, односно нивните претседатели Флорентино Перез и Андреа Ањели, по што се приклучија и други клубови.