УЕФА доживотно го суспендираше селекторот поради шокантни постапки

Еден од најголемите скандали во женскиот фудбал доби конечна епилог! УЕФА доживотно го суспендира чешкиот тренер Петра Влаховски откако беа откриени ужасни детали.

Поранешниот селектор на Чешка и долгогодишниот тренер на словачката женска фудбалска репрезентација повеќе нема да смее да води ниту еден тим во Европа, а УЕФА побара забраната да важи и на глобално ниво.

Според резултатите од истрагата, Влаховски помеѓу 2019 и 2023 година користел скриена камера што ја држел во ранец за тајно да ги снима фудбалерките за време на пресоблекувањето и туширањето пред и по тренинзи и натпревари.

Вкупно се снимени 15 фудбалерки, меѓу кои и малолетна играчка од само 17 години. Скандалот беше откриен во 2023 година, кога тренерот беше уапсен, а тогаш беше казнет со симболична отштета од 775 евра поради штетата нанесена на играчките. Но, случајот доби многу посериозен епилог две години подоцна.