УЕФА го одреди судијата за мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска ги одреди судиите за првите натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Првиот четвртфинален меч меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити ќе го суди францускиот судија Франсоа Летексје.

Летексје оваа сезона судеше на четири меча во ЛШ, а интересно е тоа што Реал оствари две победи на два меча кога овој арбитар ја делел правдата.

Првиот пат славеше против Челси со 2-0, а вториот пат оваа сезона против Наполи со 4-2.