УЕФА го знае датумот за почеток на новата сезона во ЛШ


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Фудбал и понатаму не се игра речиси во цела Европа, освен во Белорусија, па засега сите се обидуваат да најдат одговори како и во кој формат треба да завршат натпреварувањата прекинати поради пандемијата на вирусот.

Потребно е да се пронајде решение за националните натпреварувања, но и за тие на УЕФА, односно Лигата на шампиони (ЛШ) и Лига Европа.

УЕФА, според актуелните планови, ќе биде најсреќна ако завршат шампионатите пред почетокот на август, за да може во тој месец да се доиграат ЛШ и Лига Европа.

Шпански „АС“ пишува дека УЕФА пронашла датум за почеток и на новата сезона во ЛШ, а тоа наводно е 20 октомври.

Меѓутоа, овие информации не се официјални и постои можност УЕФА во текот на следната недела да открие на јавноста предлози и заклучоци по состанокот кој е закажан.