УЕФА нема да им прости: Ќе ги исфрли Реал Мадрид, Барселона и Јувентус од ЛШ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) почна дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради кршење на правилникот и обидот за создавање на европска Суперлига.

Овие гиганти беа главни во Суперлигата, проект кој пропадна после 48 часа, откако останатите тимови се повлекоа по заканите од УЕФА.

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона ѝ тераа инает на УЕФА и не сакаа да се повлечат, па сега им се заканува жестока казна и забрана за настап во Лигата на шампиони (ЛШ) во следните две години.

„По истрагата која ја направи етичкиот и дисциплинскиот инспектор на УЕФА со проектот Суперлига, почната е постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради кршење на правилникот“, соопштија од УЕФА.