УЕФА номинираше три имиња за најдобар играч во Европа, а двајца се од Баерн Минхен!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) номинираше тројца фудбалери во изборот за најдобар играч во минатата сезона.

Во изборот за најдобар фудбалер во Европа се најдоа Роберт Левандовски и Мануел Ноер од Баерн Минхен, како и Кевин де Брајне од Манчестер сити.

Голем фаворит за освојување на наградата е напаѓачот на Баерн, па наскоро би можел да ја добие  и без сомнеж може да кажеме дека ја заслужи со неговите настапи.

Во изборот за најдобар тренер се најдоа Ханс Флик од Баерн Минхен, Јирген Клоп од Ливерпул и Џулијан Нагелсман од Лајпциг.