УЕФА почна истрага против Реал Мадрид и уште два гиганти – следат жестоки казни?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) почна истрага против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради потенцијално кршење на правилникот на УЕФА при формирањето на Суперлигата, која не траеше ниту 48 часа.

По заканите од УЕФА и притисокот од навивачите, дел од клубовите се повлекоа од идејата за Суперлига, но од таков проект не отстапуваат Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, поради што ќе следи истрага и најверојатно казни.

Европските гиганти Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се најдоа во сериозни проблеми поради идејата за Суперлига и ако не ја напуштат, тогаш ќе бидат најверојатно казнети со двегодишна суспензија од сите натпреварувања.

Триото кое одби да ги прифати предлозите на УЕФА и понатаму сака да создаде европска Суперлига, каде што треба да се приклучат уште неколку гиганти.