УЕФА преговараше со суперлигашите, а за пет од нив подготви жестока казна!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Идејата за Суперлигата не се реализираше целосно и засега е запрена поради реакцијата на ФИФА, УЕФА и навивачите на тимовите кои требаше да бидат дел од неа.

УЕФА на чело со Александар Чеферин најави казни за суперлигашите, а „ЕСПН“ објави дека Европската куќа на фудбалот веќе донела одлука кои тимови ќе бидат казнети и исфрлени од натпреварувањата на УЕФА во следните две сезони.

Во претходните 10 дена УЕФА преговараше со сите тимови со цел да им се даде поблага казна ако ветат дека нема да продолжат со реализирање на проектот.

Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем се тимови со кои е пронајден заеднички јазик, меѓутоа пет од нив не се предаваат.

Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Милан и Интер се тимови кои сакаат да продолжат со проектот, па поради тоа би можеле да бидат суспендирани од натпреварувањата на УЕФА, а ќе треба да платат и високи казни.