УЕФА пресече: Македонија ќе плати казна од 10.000 евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши да ја казни Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со 10.000 евра затоа што биле прекршени протоколите за ковид-19 на Европското првенство.

УЕФА објави на официјалниот сајт дека Македонија ќе плати казна поради лошо однесување и кршење на протоколите.

Истрагата не беше предводена против фудбалери, туку кон ФФМ, па поради тоа федерацијата ќе мора да плати 10.000 евра во рок од 90 дена.