УЕФА пронајде решение за ЛШ: Дали ова е идеално сценарио?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во претходниот период се зборуваше за тоа како може да заврши сезоната во европскиот фудбал, а денеска пристигнаа информации дека би можел да се игра фајнл-фор во Лигата на шампиони.

Познато е дека нема термини за да се одиграат сите натпревари, па УЕФА мораше да најде ново решение и според нив во мај може да се игра Ф4 на кое ќе бидат четири екипи, две полуфиналиња и едно финале на 30 мај.

Тоа значи дека во полуфинале би можел да биде одигран еден меч, само проблем е тоа што засега има останато уште четири меча, а втор проблем е како да се одржи четвртфиналето.

Ова важи и за натпреварите во Лига Европа, а УЕФА ќе соопшти повеќе детали по состанокот закажан за вторник.