УЕФА соопшти каде ќе се игра ЕП и го објасни нивниот став!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата недела се појавија информации дека Европското првенство (ЕП) летово би можело да се одржи во Англија, а денеска пристигна и официјалниот став на УЕФА.

УЕФА има јасен став и порача дека турнирот ќе се одржи во 12 земји, како што беше планирано и претходно.

„Како што објавивме претходно, турнирот ќе се одржи во 12 земји, УЕФА има намера да се реализира таквата најава“, одговорија од УЕФА за медиумите.

Британскиот премиер Борис Џонсон, исто така, кажа дека натпреварувањето нема да се одржи во Англија.

„УЕФА реши ЕП да се одржи во 12 европски градови како што се договорија претходно. Нема други планови“, кажа Џонсон.

Градовите имаат рок до 5 април да го потврдат нивното домаќинство и да одредат точен број на гледачи, кои ќе можат да бидат присутни на натпреварите.