УЕФА стана предмет на исмевање: Руски гигант испрати молба која е хит!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА направи голем скандал на ждрепката за Лигата на шампиони (ЛШ) во Нион, поради што мораше и по вторпат да се влечат осминафинални парови.

На Твитер пристигнаа различни интересни пораки за случувањата во Нион, а еден од најоригиналните коментари има рускиот гигант Спартак Москва.

Од Спартак се надеваат дека нивното топче нема биде извлечено заедно со Борусија Дортмунд во осминафинале на Лига Европа, па ѝ испратија порака на УЕФА.

Во Москва се убедени дека Борусија ќе се пласира понатаму, но не само тоа, туку многумина тимот од Дортмунд го гледаат како прв фаворит за освојување на натпреварувањето пред Наполи, Севиља и Барселона.