УФЦ спектакуларно го најави враќањето на Мекгрегор (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конор Мекгрегор на 18 јануари се враќа во рингот, откако претходно паузираше речиси година ипол, а противник ќе му биде Доналд Серон.

За враќањето на Мекгрегор владее голем интерес меѓу навивачите, а влезниците беа распродадени за неколку минути и сигурно сите очекуваат вистински спектакл.

УФЦ реши да подготви специјална најава за мечот, па фановите беа буквално воодушевени.

„Не постои подобар начин да се отвори новата деценија…“, објавија на социјалните мрежи.

Контроверзниот Ирец последен пат се бореше во октомври 2018 година, кога беше поразен од Хабиб Нурмагомедов, по што беше предизвикан и инцидент.