Угарте сè уште не е договорен: Манчестер јунајтед покажа интерес за друг плејмејкер


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед е подготвен да испрати понуда до Јусуф Фофана, откако Милан се вклучи во трката за талентираниот плејмејкер.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да го купат Фофана веќе долго време, но трансферот се одложи поради интересот кон Мануел Угарте од ПСЖ кој вреде 51 милион фунти.

Медиумите пишуваат дека „ѓаволите“ повторно се загреаа за трансферот на Фофана и наскоро би можеле да го потврдат како ново засилување.