Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентациите на Исланд и Унгарија ремизираа денеска во Марсеј одигрувајќи 1:1 во рамките на 2 коло од групата Ф.
Поголемо возбудување немаше се до крајот на првото полувреме, кога Исланѓаните стигнаа во водство.
Се играше 39 минута кога Тамас Кадар направи пенал а Карашев покажа на белата точка.
Сигурен изведувач беше Гулфи Сигурдсост кој постигна гол за предност на Исланд и резултат од првото полувреме.
Тој резултат беше на сила се до 88 минута, кога Унгарците стигнаа до израмнување.
Биркир Сеаварсон го матираше соптвениот чувар на мрежата и така ја остави својата репрезентација без победа.
После овој натпревар, Унгарија се наоѓа на првото место во групата со четири освоени бода, додека Исланд има два. Конечниот изгледа на табелата после две кола ќе биде познат после што вечерва својот меч ќе го одиграат Поргугалија и Австрија.