Уникс на чекор до финале: Димитријевиќ со дабл-дабл го урна Локомотив!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен меч за Уникс Казан во победата од 81-78 против Локомотив Кубан со која неговата екипа поведе со 3-2 во полуфиналната серија.

Димитријевиќ постигна 22 поени, 10 асистенции и четири скокови за Уникс и беше еден од најважните кошаркари во триумфот на неговата екипа.

Уникс го дели само една победа од пласман во големото финале на ВТБ-лигата, каде што ќе игра против подобриот од дуелот меѓу ЦСКА и Зенит.