Уругвајците во чудо после дриблингот на Меси: Успеаа да го срушат на земја, но и тоа не помогна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинците некако успеаа да дојдат до реми против Уругвај на вчерашниот натпревар, а јунак повторно беше Лионел Меси кој во 92. минута успеа да израмни за 2-2.

Уругвај поведе во 34. минута со голот на Кавани, но во вториот дел Аргентина израмни со голот на Агуеро после асистенцијата на Меси.

Но, во 68. минута Уругвај повторно стигна до предност, а голот за предност од 2-1 го постигна Суарез. И кога сите мислеа дека мечот е решен, на сцена стапи Лионел Меси кој во 92. минута од пенал ги постави конечните 2-2.

Меси и после мечот беше во центар на вниманието и тоа поради одличните потези од првото полувреме..

Иако дури беше и соборен на теренот успеа да стане и да ја издрибла немоќната одбрана на Уругвај, а притоа заслужено доби аплауз од трибините