Уште еден член од легендарното трио на Реал Мадрид се сели во Манчестер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Касемиро го растури легендарното трио на Реал Мадрид, кое уште беше составено од Тони Крос и Лука Модриќ, откако потпиша за Манчестер јунајтед.

Крос наскоро би можел да го напушти Мадрид и да се пресели во Манчестер, но овој пат да му биде ривал на Касемиро.

Германецот е на листата со желби на тренерот Пеп Гвардиола, кој планира да го купи искусниот фудбалер за врска, кој претходно најави дека сака да си замине.

Искусниот фудбалер ја почна кариерата во Баерн, по што беше во Баер Леверкузен на позајмица, а потоа се пресели во Реал Мадрид, каде што стана еден од најдобрите во свет.

За Германија настапи на 106 меча и притоа постигна 17 голови.