Уште еден фудбалер на Баерн Минхен го продолжи договорот со клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако пред извесен период Томас Милер ја продолжи соработката со Баерн Минхен, денес уште еден фудбалер ја продолжи верноста со клубот.

Станува зобр за младиот Канаѓанец, Алфонсо Дејвис кој игра одлично во последно време.

Дејвис го продолжи договорот со „баварците“ уште две години, па сега со сигурност ќе остнае на „Алијанц Арената“ до 2025 година.

19 годишниот Дејвис беше донесен како играч од офанзивата, но Ханси Флик го врати назад во одбраната каде блесна со своите настапи.