Уште еден фудбалер на Милан вмешан во скандалот со обложување!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Милан, Алесандро Флоренци е осомничен за нелегално обложување и под истрага на обвинителството во Торино.

Италијанските медиуми пишуваат дека бил вклучен во скандалот со нелегално обложување, а доколку се докаже дека е виновен, тогаш ќе добие суспензија.

Во истиот случај веќе беа казнети Сандро Тонали и Николо Фаџоли со повеќемесечна суспензија поради прекршување на правилата.

Флоренци треба да даде изјава пред судот и да им објасни на обвинителите каква е неговата вмешаност во случајот.