Уште еден играч на Барселона на мета на крадци: Украле се што било вредно во неговиот дом


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот дефанзивец Самуел Умтити не ја започна сезоната онака како што се надеваше бидејќи повторно се повреди.

Умтити го пропушти поголемиот дел од минатата сезона поради проблеми со повреда на коленото, а ни оваа сезона не ја започна како што очекуваше.

Французинот се повреди на репрезентативниот собир и надвор од теренот ќе биде околу два месеци.

На овој штопер веќе со месеци во Барселона не му оди ништо од рака, а покрај проблемите со клубот го снајде и нова неволја. Наводно, шпанските медиуми објавија дека Умтити бил мета на органазиран грабеж.

Додека го гледаше натпреварот на Барселона против Валенсија непознати разбојници му обиле во неговиот дом и го ограбиле. На сигурносните камери се гледа дека се работи за четворица разбојници кои успеале да го отворат сефот и да украдат се што е вредно.

Умтити го дочека незгодно изненадување кога се врати во својот дом и кога ги видел вратите отворени. Комшиите порано повикале полиција која веќе била пристигната на местото на злосторството и веќе се во потрага по разбојниците.