Уште еден меч од ЛШ ќе се игра на неутрален терен!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пандемијата на вирусот и понатаму прави големи проблеми во спортските натпревари, а на тоа не остана имуна ниту Лигата на шампиони (ЛШ).

УЕФА објави дека осминафиналето во ЛШ мешу Лајпциг и Ливерпул нема да се игра во Германија, туку во Будимпешта, а причина се протоколите за ковид-19 во Германија.

Меѓутоа тоа не е единствен меч кој може да има таква судбина, зашто и натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Челси би можеле да имаат иста судбина. Причината е иста, а официјална потврда се очекува во следните денови.

Во останатите натпревари од осминафиналето ќе играат Барселона – ПСЖ, Порто – Јувентус, Севиља – Борусија Дортмунд, Лацио – Баерн Минхен, Аталанта – Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити.