Уште еден тим влезе во битка за потписот на Ристовски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стефан Ристовски привлекува интерес од многу екипи затоа што е отпишан во тимот на Спортинг Лисабон, а последниот тим кој се вклучи во борбата за неговиот потпис е АЕК од Атина.

Ристовски е желба на АЕК и грчкиот тим сака да го ангажира поради тешката ситуација во која се наоѓа Македонецот во Португалија.

Претходно и други тимови покажаа интерес за Ристовски, а еден од нив беше Динамо Москва, кој се договори со Спортинг, но Ристовски не сакаше да замине во Русија.

Во претходниот период се најавуваше трансфер во Италија или Германија, но засега нема никакви конкретни понуди.