Уште една драма во Ф1: Ферстапен славеше во Франција, Ферари не освои ниту бод!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште една одлична трка во Формула 1 шампионатот имаше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, кој беше најбрз на Големата награда за Франција.

Холанѓанецот славеше пред Луис Хамилтон од Мерцедес, додека клупскиот колега од Ред Бул, Серхио Перез го комплетираше подиумот.

Валтери Ботас имаше лоша завршница на трката и мораше да се задоволи само со четвртото место, а одлични беа и возачите на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикардо, кои ги освоија петто и шесто место.

Ферари имаше катастрофална трка, зашто остана без бодови, иако Карлос Саинц и Шарл Леклер беа многу добри во квалификациите за трката во Франција.