Уште една европска лига го продолжи домашното првенство


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Владата на Шведска и агенцијата за јавно здравје официјално дадоа дозвола да продолжи фудбалското првенство во државата на 14 јуни. Датумот и претходно беше најавуван, но само се чекаше потврда од одговорните лица.

Натпреварите ќе се играат без присуство на навивачи, а интересно е тоа што Шведска не презема ригорозни мерки во текот на пандемијата на коронавирусот, па постоеше страв дека фановите ќе почнат да се собираат на разни начини и ќе ги гледаат натпреварите.

Сега ситуацијата е појасна, а клубовите соопштија дека публиката најверојатно наскоро ќе може да се врати на стадионите.