Утре на меч во ЛШ ќе има – 999 гледачи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Елитното фудбалско натпреварување, Лигата на шампиони, конечно се враќа во акција и тоа со натпревари во вторник и среда.

На некои од стадионите ќе може да присуствуваат одреден број навивачи, додека голем број натпревари нема да има публика на трибините.

Средбата меѓу Лајпциг и Башакшехир ќе може да ја гледаат 999 гледачи, а таквата одлука ја донесе локалниот судија по влошување на пандемијата.

Домашните натпревари на Лајпциг во Бундеслигата ги следеа 8.500 гледачи, меѓутоа откако во последните денови ситуацијата се влоши, веднаш беа донесени промени.

Бројката на заразени во Минхен се зголемува. На 100.000 жители има 87 позитивни случаи, па поради тоа мечот меѓу Баерн Минхен и Атлетико Мадрид ќе се игра без присуство на публика.