Ужасни вести: Полицаец застрелал светски шампион во џиу-џицу!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од најголемите легенди во бразилско џиу-џицу, Леандро Ло загина во Сао Паоло, откако бил застрелан од страна на полицаец за време на караница.

Ло бил итно пренесен во болница, но докторите не успеале да му помогнат затоа што добил куршум во чело, како што откриваат сведоци од ноќниот клуб.

Полицијата го бара нааѓачот, кој исто така е полицаец, но не бил на должност во моментот на инцидентот и бил во алкохолизирана состојба.

Леандро имаше 33 години и беше шампион во џиу-џицу. Тој се закити со осум светски титули во пет различни категории, што е апсолутен рекорд.